ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓаните можат и сами да си прават пелети, но ќе го загадат воздухот

Намерата на граѓаните да купуваат помали машини за производство на пелети дома предизвика загриженост кај еколошките организации, организациите за заштита на животната средина, кои велат дека во период кога се ќе поскапи, граѓаните ќе бараат повеќе евтини алтернативи кои ќе донесат огромно загадување на воздухот од есен.

„Ваквите загадувачи предизвикуваат сериозни оштетувања на јавното здравје, од респираторни проблеми до тешки хормонски нарушувања. Овие влијанија се уште поизразени во семејствата каде граѓаните се директно и индиректно изложени, а не само надвор“, вели Давор Пехчевски- ЕКО СВЕСТ.

Институциите во моментов немаат начин да контролираат каков квалитет на пелети ќе произведуваат граѓаните кои ги купуваат машините. Министерот за екологија Насер Нуредини апелира граѓаните да користат чисти дрва, бидејќи во спротивно прво сами си наштетуваат.

„Имаме уште време додека не дојде зимското сметање на времето, нормално, и ќе размислуваме врз основа на развојот на пазарот и цените за грејни тела. Ќе се обидеме да ги поддржиме граѓаните доколку има поскапување на дрвата или на пелети или на струјата. Ги замолуваме граѓаните да се грижат, затоа што тоа што го палат во домовите си нанесуваат штета и самите на себе, па пред се штетат на семејството“, рече Насер Нуредини – министер за животна средина.

Значително е намалена количината на пелети на пазарот во земјава. Македонија успева да произведе само 20% од потребната количина пелети за пазарот во земјава, додека останатите 80% се увезуваат од земји како Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија. Србија пред неколку дена одлучи да го забрани извозот на пелети и оваа одлука беше голем удар за пазарот во нашата земја. Босна и Бугарија го направија истото. Иако цената на пелетите досега е зголемена за 50 отсто, одлуката на Србија, поскапувањето на дрвото и недоволното количество до есен може да доведе до дополнително поскапување на пелетите.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button