ВЕСТИРЕГИОН

Бугарија е блиску до нови избори, предвидуваат бугарски аналитичари

Дел од политиколозите во Бугарија сметаат дека ИТН нема да може да формира влада без поддршка од „Демократска Бугарија“ со која деновиве демонстрира големи недоразбирања на јавна сцена. Последните пораки, сметаат аналитичарите, се подготовка на гласачите за нови избори

Бугарија годинава по трет пат ќе гласа на парламентарни избори. Ова е најизвесното сценарио кое го предвидуваат дел од бугарските политички аналитичари, по последниот развој на настаните во кои наместо да дојде до доближување на ставовите, се продлабочи јазот помеѓу „Има таков народ“ (ИТН), која победи на последните избори, и „Демократска Бугарија“, која е четврта политичка сила во парламентот, но без која тешко би се формирала влада.

Синоќешното интервју на лидерот на ИТН, Слави Тирфонов, во кое тој со остри тонови ги критикуваше изјавите на копретседателот на „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, и порача дека нема да прифати условување, според политикологот Антониј Галабов, не е порака до Иванов и неговата партија, туку Трифонов ги подготвува своите гласачи за нови предвремени избори.

Галабов смета дека ИТН очекува на новите избори да добие повеќе гласови и да освои повеќе пратенички мандати, а сега се обидува одговорноста за неформирање влада да ја префрли на другите партии.

„Наместо да видиме некаква конвергенција на позициите, ние го гледаме сосема спротивното. Она што загрижува уште повеќе е што онаму каде има сличности, тие се во смисла на законодавната програма, а не за владина програма“, додава Галабов за бугарската Нова ТВ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button