ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи најавува „патоказ“ за следење на почитувањето на Договорот со Бугарија

Можен е патоказ за следење на Договорот со Бугарија како дел од ЕУ-процесот, но не и како дел од преговарачката рамка, најави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за емисијата „360 степени“. Во идните денови оваа тема ќе биде отворена со бугарската страна, по што ќе се знае дали ќе има надминување на отворените прашања.

„….Договорот има предвидено механизми како да се контролира, но ако констатираме дека еве Договорот не испорачува доверба, можеме да додадеме додатни механизми за следење на процесот, без да се прејудицира исходот на тие дебати и разговори. Па и во форма на патоказ, меѓутоа сметаме дека тоа не треба да биде дел од преговарачката рамка, затоа што ќе го помести процесот непотребно.”

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button