ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Охрид оштетен споменик поставен во чест на удавените 15 бугарски туристи во 2009 година

Засега сè уште непознати сторители ја оштетиле спомен плочата која во Охрид беше поставена во чест на петнаесетте бугарски туристи кои се удавија во 2009 година. Станува збор за трагедијата кога потона туристичкиот брод Илинден на 5 септември пред 11 години. Сето ова се случува во време на затегнати политички односни помеѓу Македонија и Бугарија.

„Апсолутно е неоправдан чинот на сквернавење на оваа спомен плоча со оглед дека сведочи за еден настан во кој настрадаа невини луѓе кои не смееме да ги поврземе со никаква политика. Туристите од Бугарија биле едни од најбројните во Охрид и најдобро пречеканите…“

„Не сакам такво нешто да се случува меѓу луѓето бидејќи нема потреба. Луѓето овде што загинаа, што се удавија, не се за ништо криви…“

„Треба да постои човечност. Да има почитување еден према и друг и тоа е големината на човекот, ништо друго. Омразата носи лоши работи.“

Градоначалникот на Охрид упати осуда, за како што стои во реакцијата, чинот кој го извршиле несовесни граѓани и апелираше граѓаните да се воздржат од вакви вандалски однесувања. Од Министерството за надворешни работи велат дека се информирани за инцидентот и оти сторителите ќе бидат пронајдени.

 „Фотографиите кои доцна синоќа се појавија на дел од интернет порталите во Бугарија и Македонија за оштетен споменик во чест на 15 загинати бугарски туристи беа од ова спомен обележје позади мене. Но, од она што може да се види ова спомен обележје воопшто не е оштетено.“

Тоа е старото спомен обележје кое на градскиот кеј беше поставено непосредно после несреќата. Споменикот кој беше оштетен беше поставен неодамна на 5 септември оваа година и се наоѓа во близина на центарот за обука на вода на АРМ. По налог на општината веќе е поставена нова плоча.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button