СПОРТФУДБАЛ

Челниците на Рома спремни да потпишат долгорочен договор со Де Роси

Раководството на Рома на почетокот на 2024 година се реши на шок-терапија со замена на Жозе Мурињо, кој на клупата на првиот тим беше заменет од легендарниот фудбалер на римскиот клуб Даниеле Де Роси.

За само 15 натпревари тој успеа целосно да го промени расположението во италијанската престолнина, па сонот за пласман во Лигата на Шампионите повторно стана реалност, додека во Лигата на Европа успеа да ги елиминира Феенорд и Брајтон и да се најде во четвртфиналето каде ќе ги одмери силите со Милан.

Де Роси првично пристигна како решение до крајот на сезоната, но „Скај Италија“ пренесува дека управата на клубот на чело со Ден Фредкин веќе подготвила нов долгорочен договор за клупската легенда. Прашање на време е кога 40-годишниот римјанин ќе потпише нов договор, кој несомнено би ги израдувал сите навивачи на Рома.

„Волчицата“ има 10 победи, три нерешени и само два порази во 15 натпревари на Де Роси, против Брајтон кога веќе сѐ беше готово во првиот меч и против шампионот на Италија, Интер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button