ВЕСТИ

Чешка ќе ги смирува раскараните Македонија и Бугарија

Чешка ќе ги смирува раскараните Македонија и Бугарија

Чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, на брифинг со новинарите, денеска најави дека како амбасада ќе организираат неколку конференции за Македонија и добрососедските односи, особено за подобрување на дијалогот со Бугарија, заедно со чешката амбасада во Софија.

“Ќе имаме неколку конференции, една во Скопје, една во Софија, и една во пограничните градови Петрич и Струмица, фокусирани врз подобрување на дијалогот, подобри соседски односи, размена на искуства со Бугарија која веќе го помина патот за во ЕУ, предностите на заедничкиот пазар меѓу двете соседни земји, особено во полето на трговијата и инвестициите. Првата конференцијаќе се одржи в понеделник во Софија, втората во Скопје на 20-ти октомври, а преостанатие две во Петрич на 31 октомври и во Струмица на 1 ноември“, информира Лудва.

Тој од овие конференции очекува подобро меѓусебно разбирање, добри соседски односи и особено размена на искуства во повеќе области, фокусот ќе биде на меѓусебна соработка меѓу невладините организации.
На прашањето како го оценува сегашното ниво на односите меѓу Скопје и Софија, Лудва рече дека ништо на светот не е совршено, но секогаш се може да биде подобро и оти гледа простор за соработка, која што, вели, ќе се обидеме да ја подобриме уште повеќе.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button