ВЕСТИЗДРАВСТВО

Дел од „болните“ директори на ДУИ низ клиниките денеска оздравеле

Денеска на работа се појавија дел од директорите на ДУИ во здравството, а некои не. Тоа е резултат на инструкциите што ги добиле од Артан Груби, кој при внатрешна комуникација се гледа дека им рекол да отворат лекарско отсуство или да најдат други причини да не прифатат евентуална одлука на министерот Фатмир Меџити до неговото разрешување.

Алсат денеска посети неколку клиники со кои раководат кадри на ДУИ. Дел од директорите ни денеска не беа дојдени, а за други службите ни рекоа дека се излезени.

Во јавноста веќе два дена кружат копии од фотографии од внатрешна комуникација која се чини дека е меѓу Груби и директорите на ДУИ во здравството.

„Почитувани, ниту еден од нашите директори за здравство не треба да прифати ниту една одлука на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку има потреба од годишен одмор, боледување или едноставно да не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот…“, се вели во пораката на Артан Груби до директорите од ДУИ.

И министерот за здравство Фатмир Меџити потврди дека вицепремиерот Артан Груби им наредил на директорите да не одат на работа.

„Пораките што Артан Груби им ги пратил на директорите на ДУИ, не ги нарекувам директори на ДУИ, туку директори на Министерството за здравство. Апелирам до сите директори да се чувствуваат удобно што ми се директори, а боледување се зема кога човек е навистина болен, ова е навистина злоупотреба што не треба да ја прават челниците на јавни здравствени установи“, рече Меџити.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button