ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дендиас бара ЕУ да почне преговори со Македонија и Албанија

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, денеска престојуваше во кратка посета на земјава.

По средбата со неговиот колега Бујар Османи тој рече дека Грција работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот, а единствениот пат за да се постигнат тие цели претставува јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан.

„Сигурни сме и длабоко веруваме дека преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да почнат веднаш“, изјави попладнево шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи во Скопје.

Според министерот Османи, европската перпсектива на регионот е прашање од безбедносен интерес и за нас и за Европа.

„Стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија е најдобриот начин да се врати европскиот кредибилитет во регионот и во оваа насока ме радува што ја имаме целосната поддршка на Грција“, нагласи Османи.

Руската инвазија во Украина, пак, смета министерот, покажа дека на регионот му е потребна дополнителна инвестиција во отпорноста од закани. Како НАТО сојузници, вели Османи, имаме обврска да се грижиме за регионалната стабилност и имаме координиран пристап и во интерес и на регионот и на Европа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button