ВЕСТИ

Денеска е Духовден, овој празник се смета за роденден на Христовата црква

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 мај, Духовден – Слегување на Духот Свети.

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител.

На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици. Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па сѐ до денес не ја напушта црквата.

Духот е критериум за сѐ што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

Според Католочкиот калмедар, денеска е Св. Иван од Факунда.

Се родил во 1430 година во шпанската покраина Леон. Своето школување го завршил во шпанскиот град Саламанка. Сериозно се подготвувал за свештенички живот и за проповедничка служба.

Станал познат како светец и како проповедник на Господовите зборови. Како голем миротворец, со своите проповеди се обидувал да ги смири несогласувањата меѓу луѓето во Саламанка. Покрај тоа, им помагал на болните луѓе и на сиромашните. Свети Иван умрел во 1479 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button