ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска е седумгодишнина од престрелката во кумановската „Дива Населба“

Седум години од вооружената пресметка од 9 и 10 мај 2015 година во Кумановска Дива Населба.

Во урбаната населба среде градот Куманово беа уништени десетици куќи, а за среќа при евакуацијата немаше повредени цивили и жители. Инцидентот во кој загинаа 8 полицајци и 10 членови на вооружената група беше оценет како тероризам и терористичко нарушување на уставниот поредок. 37 лица се осудени на 746 години затвор, од кои 7 на доживотно. Меѓу осудените има државјани од Косово, Албанија, Германија и С Македонија. На крвавите случувања претходеше напад на полициска касарна во селото Гошинице, општина Липково, каде вооружена група која се повика во име на ОВК ја презеде одговорноста за нападот и најави други. Неколку дена по убиството на Бег Ризај и Мирсад Ндрецај осомничени дека биле организатори на нападот, во јавноста беа објавени нивни прислушувани разговори со припадници на државната безбедност во Македонија, кои потврдија дека безбедносните органи знаеле за движењето на групата. Иако официјалниот мотив не беше познат, во текот на судењето некои членови на вооружената група изјавија дека дошле во Куманово за да ги заштитат правата на Албанците.

Првостепената пресуда беше потврдена и од Апелацискиот и од Врховниот суд, а во процедура се барањата на граѓаните на Косово за префрлање во затворите во матичната земја. Во меѓувреме, осудените Мусадик Пајазити Арсим Бајрами, Елхам Арифи, Ирфан Љутфиу и Сабедин Абдулаху се во 6-ти ден од штрајкот со глад поради неисполнување на нивните барања за сместување во казнено-поправните домови, да им се дозволат семејни посети и слободни викенди надвор од затворот предвидени со закон и правилник. Досега нивната здравствена состојба е добра, а до денес одбиваат дисциплински правила, храна и посети на лекар. На 23 мај се очекува тие да бидат префрлени од истражниот затвор Шутка во Идризово каде биле претходно. Управата за извршување санкции и комисијата формирана за разгледување на барањата на затворениците утврдиле дека дозвола за викенд надвор од затворот е во спротивност со оценките за безбедност на затворениците и поради можноста од бегство. Мусадик Пајазити, Арсим Бајрами, Елхам Арифи, Ирфан љутфиу и Сабедин Абдулаху се поединечно осудени на помалку од 15 години затвор, а правото на викенд го имале стекнато пред повеќе од една година.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button