ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 807 нови случаи на Ковид 19

Во периодот од 22 до 28 февруари, бројот на нови случаи на Ковид се зголемил за 56,4%, додека бројот на смртни случаи за 1%. Неделните податоци на Институтот за јавно здравје зборуваат за нов бран на вирусот, особено последните две недели. Најголемо присуство на вирусот  има кај населението на возраст над 60 години, додека бројот е висок и кај населението на возраст од 30 до 39 години. Комисијата одлучи да направи анализа, со која ќе се откријат причините за враќање на големиот број случаи без да се исклучи можноста за нови мерки и препораки.

„Комисијата препорача да имаме зајакнување на капацитетите на болниците на државно ниво. Не дека тие не работат, туку да се подготват за новиот бран каков што го гледаме. Треба да се направи подетална анализа на новите мерки што можат да се преземат или да се продолжи со овие мерки. Главната причина е непочитување на препораките”, рече Шабан Мемети, директор на ИЈЗ.

Властите, во меѓувреме, не објавија нови детали за вакцините. Додека вирусот се шири непредвидливо, земјава е сè уште далеку од имунизација на населението.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button