ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев ќе побара гласање за доверба на Владата?

Извори на Алсат од Собранието неофицијалнo соопштија дека Заев денеска се појавил за да побара гласање на доверба на Владата, по тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека има мнозинство во Собранието.

По отворањето на седницата, претседателот на Собранието, во фаза на комплетирање на дневниот ред одлучи премиерот прво да го предложи дневниот ред, по што имаше реакции од македонската опозиција која побара пауза од еден час.

Предлогот на Заев се заснова на членот 124 став 3 од Деловникот на Собранието во кој се вели: „Иницијатива за доверба на Владата може да поднесе и премиерот во писмена форма или усно на седница на Собранието“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button