ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска сончево време со мала облачност

Времето денеска ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми, а ќе дува слаб променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а дневните од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умеренa облачност. Утринската температура во главниот град ќе достигне до 6 степени, а дневната до 17 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button