ЗДРАВСТВО

Дерматолог ги сподели најголемите грешки кои ги правиме во април и во мај

Пролетта пристигна, а со неа доаѓа и поголемата изложеност на сончеви зраци. Како што е општо позна-
то, сончевата светлина може да предизвика оштетување на ва шата кожа. Имајќи го тоа на ум, д-р Рос Пери ги сподели грешките што ги правиме, а кои може да се покажат како многу опасни.

„Сонцето во април е подеднакво силно како и она во август, па затоа мора да го третирате како такво. Постуденото ветре може да ги измами луѓето, но УВ зраците се исто толку силни и исто толку е веројатно дека ќе предизвикаат изгореници и оштетувања“, истакнува д-р Пери.

Сончевите зраци неретко се директна причина за појава на рак на кожата. Колку сте побезбедни на сонце, толку е помал ризикот од оваа болест.

„Често се поставува прашањето дали луѓето треба да носат крема за сончање на лицето во текот на целата година, а едноставниот одговор е да! Кремата треба да се користи во текот на пролетните месеци, па дури и во текот на целата година. Многу луѓе не веруваат дека може да изгорат од сонцето во раните пролетни месеци, но тоа едноставно не е така“, додава тој.

нега на кожата
Фото: Profimedia

Дури и ако немате изгореници, сончевите зраци придонесуваат за стареење на кожата. Можеби нема да го забележите веднаш, но со текот на годините, ненанесувањето крема за сончање ја забрзува појавата на брчки и старечки дамки. Нанесете крема за сончање 15 минути пред да излезете на сонце.

Изгорениците само еднаш на секои две години може тројно да го зголемат ризикот од меланом.

„Тополскиот бран во април или во мај може да биде шок за системот и за кожата. Луѓето може да ја потценат количината на вода што треба да ја пијат бидејќи не го третираат како топол летен ден. Многу луѓе одеднаш ќе излезат да вежбаат по неколку месеци престој во затворен простор, не мислејќи дека можеби ќе им треба заштита од сонце или повеќе вода“, смета тој.

Ракот на кожата може рано да се открие благодарение на промените на бенките или појавата на нови. Колку побрзо дејствувате, толку побрзо ќе можете да се лекувате.

Д-р Пери вели дека има некои клучни фактори на кои треба да внимавате кога станува збор за бенките.

„Ако имате бенка која крвари, тоа не е нормално, освен ако не сте ја изгребале. Повеќето бенки не крварат спонтано, па затоа е важно да ги проверите со посета на лекар“, објаснува дерматологот.

Фото: Profimedia

Луѓето можат да одбијат крема за сончање поради витаминот Д, кој се развива во телото поттикнат од сончевата светлина. Од друга страна, лекарите ја нагласуваат важноста да се јаде доволно храна за здрави коски, заби и мускули.Од почетокот на април, па сѐ до крајот на септември, повеќето луѓе треба да можат да го произведат целиот витамин Д што им е потребен од сончевата светлина на нивната кожа.

„Редовното изложување на рацете и на нозете за време на редовното вежбање, два до трипати неделно, ќе биде повеќе од доволно за да се акумулира доволно витамин Д“, заклучува д-р Пери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button