ВЕСТИСВЕТ

Џакарта нема да биде главен град на Индонезија, главниот град се сели на островот Борнео

Индонезискиот парламент денеска одлучи да и додели специјален статус на главниот град Џакарта, со цел тој да остане економски центар на земјата.

Индонезија планира да го премести главниот град на земјата од пренаселената Џакарта, чија надморска височина се намалува, во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглата на Источен Калимантан, Борнео, пренесува Ројтерс.

Изградбата е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button