ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК информираше за излезноста на изборите до 13:00 часот

Излезноста на првиот круг од претседателските избори, до 13:00 часот, според досега обработените податоци на ДИК, изнесува околу 26,35%, соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Како што информираше тој, најголема излезност до 13:00 часот има во Новаци (42,87%), а најмала во Врапчиште (10,18%). Според податоците на ДИК, изборниот ден засега минува мирно и без поголеми проблеми.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button