ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот најблаго и најдипломатски кажано е разнишано

Земјите членки на ЕУ кои се дел од нашиот регион, најголем бенефит ќе имаат ако успее европската приказна – ќе добијат пријатели, предвидливост и сојузници, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Димитров, посочи дека на покана на грчкиот заменик министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис денеска заминува на разговори во врска со иднината на земјите од Балканот во ЕУ во Солун, каде како што рече, во 2003 година на Самитот на ЕУ беше дадено ветувањето на ЕУ за вклучување на Балканот во своите редови.

– Овој собир се случува во момент кога тоа ветување најблаго и најдипломатски кажано е разнишано. Многу од граѓаните, па и владите на Балканот веќе не се уверени дека ЕУ е сериозна и искрена кога зборува за европска перспектива на земјите од Балканот. Затоа ова ќе биде прилика да поразговараме на овие теми во Солун, градот каде е дадено ветувањето кон регионот, изјави Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button