ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Дневните статистики укажуваат дека Ковид-19 е присутен, рано е за целосно укинување на мерките

Состојбата со дневните статистики на новозаболени укажува на тоа дека вирусот постои и ја чека најмалата можност да се развие. Затоа се уште е рано за целосно олеснување на мерките, сметаат надлежните. Засега, укинато е носењето на маски за учениците во основните училишта и не се бара сертификат за вакцинација или прележаност во отворените делови на угостителските објекти.

– Секој ден имаме по 300 новозаразени, а тоа значи дека вирусот сè уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто, изјави вчера министерот за здравство Беким Сали.

Последната препорака од Комисијата за заразни болести е да се укине носењето маски и за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта, но овие препораки треба да поминат на Главниот кризен штаб и потоа да бидат усвоени на владина седница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button