ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

До Собранието досега не е стигната оставката на Заев

Од Собранието информираат и дека премиерот Зоран Заев се уште на ја доставил оставката до законодавниот дом. На денешната координатива средба кај Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по синоќешната изјава на Заев дека поднесува оставка од премиерската функција.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе свика седница за верификација на мандатите на новите пратениците кои треба да ги заменат досегашните парламентарци кои беа избрани за градоначалници, откако ќе се добијат официјалните резултати од Државната изборна комисија. Местата на избраните градоначалници во Собранието треба да ги заземат следните кандидати на листата на политичките партии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button