ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Додека политичарите мудруваат дечињата остануваат да чекаат за во градинка

Дополнителнaтa заменичка министерка за труд и социјална политика рече дека има листа на чекање за пријавување на децата во дневните центри во Скопје и околината. Тренчевска оценува дека со изградбата на нови градинки ќе се надмине овој проблем, а целта е во 2028 година процентот на деца вклучени во пред-училишниот воспитно-образовен процес да се зголеми на 70 проценти.

Додека техничкиот министер Ѓоко Велковски одамна изјави дека еден од главните проблеми на градинките е немањето кадар.

Тренчевска не се согласува со ваквата изјава на техничкиот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, во овие години во градинките се вработиле 2.881 лице.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button