ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дојави за бомби во десет скопски и пет битолски училишта

На електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР за МИА.

Дојава за бомба пристигнала и до средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, од каде се евакуираат учениците.

Дојави за поставени бомби, како што објави градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, има во училиштата „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Поради дојавата за поставена бомба во хотелот „Александар палас“, откажана е денешната годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас“ беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button