ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дриан: Франција, во случај на договор, ќе организира меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија

Француското Министерство за надворешни работи и Европа се огласи по средбата на шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан со неговиот колега од Северна Македонија, Бујар Османи, нагласувајќи дека „Франција е решена, во случај на договор меѓу Северна Македонија и Бугарија, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската Унија и Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА.

-Францускиот министер, ја подвлече целосната поддршка на Франција за постигнување балансиран и взаемно прифатлив компромис меѓу Бугарија и Северна Македонија, се вели во соопштението. Тој потсети дека Франција е решена, во случај на договор, да организира меѓувладини конференции меѓу Европската унија и Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија.

Министерот Дриан, ја повтори француската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан и ја спомена организацијата следниот јуни, во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, на конференција меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, која треба да придонесе за тоа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button