ВЕСТИРЕГИОН

Дронзина: Софија не е заинтересирана да биде надворешна граница на ЕУ

Софија не е заинтересирана да биде надворешна граница на Европската Унија, смета професорката од Софискиот универзитет Татјана Дронзина.

Во интервју за бугарски весник, таа коментира дека Софија „не е заинтересирана за ширење србомани во Скопје, кои, следејќи ги интересите на Србија, на крајот ги следеле интересите на Русија“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Дронзина, прагматично, односот на Бугарија кон Северна Македонија треба да пробие низ цивилизациската и геополитичката ориентација на официјална Софија.

Според неа речиси  е невозможно ниту една бугарска влада во моментов, со овие ставови во јавноста, безусловно да ја поддржи европската интеграција на Северна Македонија. Бугарија, според Дронзина, е во апсолутно збунувачка позиција, каде околностите ја тераат да прави работи што не сака да ги прави и разбира дека не е добро да се прават, но во исто време не може да престане да ги прави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button