ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ во коалиција со Сојузот на Ромите

Сојузот на Ромите влезе во Европскиот фронт предводен од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателката на овој субјект, Фатма Османовска, рече дека делат исти вредности, идеологии и визии со ДУИ.

„На кој фронт треба да се вклучиме ромската заедница, ако не на Европскиот фронт?  Кои партнери треба да ги избере ромската заедница, ако не оние со кои дели иста визија, идеологија и цели, а тоа е рамноправен и достоинствен живот во Европската Унија?“, рече Османовска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека во следниот мандат за првпат Европскиот фронт ќе има пратеник Ром. Тој, исто така додаде дека за време на изготвувањето на Охридскиот договор во тој период ги претставувал и Ромите, Бошњаците, Турците, Србите и Власите.

„ДУИ ќе даде сè од себе, но во овој мандат треба да има пратеничка Ромкиња, а таа ќе биде Фатима“, рече Ахмети.

Претходно на Европскиот фронт на Ахмети му се приклучија и Скендер Реџепи со Движењето Народ, Мендух Тачи со ДПА, Арјанит Хоџа со Европската демократска партија и Бејџан Илиас од Турската демократска партија.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button