ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дволичност ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери за изборниот законик

Дволичност ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери за изборниот законик

Дволичност ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери за изборниот законик, кој смета дека со измените во Изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на докумените на граѓаните во изборниот процес и посочува дека треба да се овозможи на граѓаите да гласаат со стари документи без да има било каков рок. Џафери своевремено изјави дека овие граѓани имаат доволно време до изборите да обезбедат нови документи и нема потреба од законски измени, додека откако се направени законските измени рече дека измените се селективни и не го решаваат проблемот до крај.

Алсат побара став и од СДСМ, но до сега не добивме одговор.
Ставот за измените во Изборниот законик Џафери го соопшти вчера.

„Решението е делумно, не е целосно. Практично јас и ти, ако имаме документи што истекле 9 месеци пред 24 април, ќе гласаме на 24 април, но што ќе правиме на 8 мај? Затоа што ќе биде подолго од 9 месеци. Всушност, сакајќи да избегнеме исклучок, правиме уште еден исклучок. Така што решението, доколку се одлучи да се направи со закон, треба да биде отворено за да можат граѓаните да гласаат со истечени документи, без разлика кога им истекол рокот на документите“, рече Талат Џафери, технички премиер.

Проблемот пред неколку недели го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека има околу 100.000 граѓани кои се на избирачкиот список, а немаат валиден документ за идентификација со кој можат да гласаат. Собранието пред три дена го смени Изборниот законик и им овозможи на граѓаните кои имаат истечен пасош не подолго од 9 месеци пред денот на изборите да гласаат на избори. Односно, на 24 април ќе може да се гласа со пасоши кои имале рок до 24 јули 2023 година, додека на 8 мај ќе може да се гласа со пасоши кои имале рок до 8 август 2023 година./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button