РЕГИОН

Еди Рама за преговорите со ЕУ: „Се спремивме за свадба, сватовите не се појавија“

Албанскиот премиер Еди Рама денеска рече дека нема да типува на ниту еден термин или рок за почеток на преговорите на неговата земја со ЕУ. Како што кажа тој, „одржувањето на свадбата зависи од сватовите“.

„Не се обложувам на ниту еден датум, за ниеден рок, чекам со целосна смиреност како да се случи, како и да не се случи. Се подготвивме неколку пати за свадбата, вие добро знаете, а сватовите не се појавија. Сега веќе не се подготвуваме за свадба, едноставно продолжуваме да даваме љубовни изјави, но кога ќе се одржи свадбата, останува до сватовите. Многу е јасно, ние само треба да си ја завршиме нашата работа“, рече Рама.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button