СВЕТ

Една година по првото ширење на корона вирусот во Кина

Една година од првиот случај дијагностициран со ковид 19 во Вухан, Кина. Вирусот кој зарази 44 лица во работилница, по лабораториска анализа се покажа дека се заразени со респираторен вирус. Кинеските власти до денес не го откриваат идентитетот на нулта пациентот, но медиумите јавуваат дека станува збор за 55 – годишен маж од провинцијата Хубеи каде што е Вухан, кој изјавил дека неговите први симптоми се на 17 ноември.

За неколку недели, вирусот беше пренесен во многу земји во светот, додека на 31 декември здравствените власти во Кина официјално излегоа со научна верзија за вирусот познат како СарсКов – 2 или ковид – 19. На почетокот на 2020 година, Светската здравствена организација, со пријавување на случаи во повеќе земји, прогласи глобална пандемија.

Денес светот регистрира над 55,6 милиони заразени, над еден милион 335 илјади жртви и скоро 39 милиони излекувани. Случаи се регистрирани во 190 држави.  САД ја обвинија Кина за намерно создавање на вирусот, или како што го нарече претседателот во заминување Доналд Трамп, „кинески вирус“. Кина денес официјално регистрира 86 илјади случаи, 4.634 мртви, над 81 илјади излекувани и со просек од 15 – 20 случаи нови на ден. Во Македонија, првиот случај на ковид -19 е регистриран на 26 – ти февруари годинава во Дебар.

Домашните власти го вклучија алармот за изолација на градот на 30 дена, а нови случаи беа регистрирани во главниот град и поголемите градови како Куманово, Тетово, Гостивар, Битола и Струмица. За разлика од земјите во регионот, Македонија има најголема инциденца на инфекција на еден милион жители, паралелно со најголем број жртви.

Денес, кога светот трпи здравствени и економски последици, најавени се четири вакцини на фармацевтскиот пазар, онаа на Оксфорд, вакцината на германско – американската компанија Физер/БиоНТех, руската вакцина Спутник и на компанијата Модерна, за која се тврди дека е ефикасна 95 проценти. Процесот на вакцинација се очекува да започне на почетокот на 2021 година, додека СЗО предупредува дека само вакцината не е доволна за борба против пандемијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button