ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Едвард Џозеф: „Зголемено руско влијание на Балканот“

Американски експерти предупредуваат на зголемено руско влијание на Балканот, кое тука пристигнува преку Србија. العاب كازينو مجاني Аналитичарот Едвард Џозеф, коментирајќи ги информациите на Стејт Департментот за финансирање на структури кои ги шират руските политички видувања кон актуелни и долгорочни случувања во источноевропските земји, вели дека оваа појава претставува закана за безбедноста. Според него, главен промотор на руското влијание во регионот е српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Тој продолжува да биде домаќин на „Спутник Србија“ и други руски медиуми кои осигуруваат платформа за лажен руски наратив за непровоцираната руска инвазија во Украина, додека Украинците херојски си ја бранат земјата. Со тоа и вашата безбедност е под закана. Безбедноста на сите граѓани на Северна Македонија е под закана“, вели Џозеф. العاب للربح الحقيقي

Од друга страна, аналитичарот Јануш Бугајски, на конференција во Тирана посветена на американско-албанските односи, подвлече дека Кремљ засилено се обидува да ја наруши безбедноста на Балканот.

„Русија на Балканот не гледа како на поле, туку како на стратешко богатство и таму се обидува да ја поткопа улогата на меѓународните институции и да создаде нестабилност. Сојузници на Москва во регионот се Вучиќ и Милорад Додик. Има руски функционери кои го охрабруваат Вучиќ да доминира на Балканот“, рече Бугајски.

Едвард Џозеф од Скопје порача Македонија да остане под „ЕУ и НАТО чадорот“ и засилено да се посвети на реформи. كرابس Тој го критикува политичкиот контекст на иницијативата „Отворен Балкан“, велејќи дека така се шират српските апетити. Според Џозеф, Скопје треба да ги зајакне односите со Приштина и Атина.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button