ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Енергетската криза можеби ќе трае и 10 години

Енергетската криза нема да заврши месециве. Таа, според Здружението на енергетичари на Македонија (ЗЕМАК), ќе потрае неколку години и затоа се потребни мерки и активности на долг рок. Граѓаните и институциите мора зимава да штедат струја бидејќи имаме голема енергетска криза.

„Следејќи ги анализите во Европа и светот, кризата сигурно ќе трае пет години, а можеби и 10 и затоа треба да добро да се спремиме“, рече Благој Гајдарџиски- претседател на ЗЕМАК.

Зимава не се исклучува можноста за евентуални рестрикции во снабдувањето со струја, иако од Државните електрани ЕСМ велат дека ги презеле сите мерки.

„Ризикот останува во староста на објектите, односно на можностите за почести дефекти. Да би знаел дека утре ќе застане еден блок од РЕК Битола, би можеле да преземеме мерки. Ако голем испад се случи во моментот, може да се случи рестрикција…“, изјави Благојче Трпоски, Електрани на Северна Македонија.

Ваквата ситуација создава загриженост кај граѓаните, но и кај фирмите.

„Населението посебно стопанството се плаши како ќе преживее и како ќе ја помине зимата… Термо-енергетските капацитети се стари над 30 години, при крај се на животниот век. И тие максимално се подготвуваат да го поминат овој експлотационен период кој следи“, рече Антон Чаушевски, професор.

Чаушевски вели дека состојбата ќе биде критична до април. Овие ставови беа изнесени на меѓународна конференција, која во организација на Здружението на енергетичари на Македонија се одржува во Струга.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button