РАКОМЕТСПОРТ

EХФ ги избра петте најубави голови на Македонија, Пешевски е најдобар стрелец

Ракометната репрезентација на Македонија со една победа над Швајцарија и два порази од големите фаворити Франција и Германија го заврши настапот на Европското првенство 2024 година.  „Црвено-жолтите“ на крајот завршија како 17. европска сила, а континенталната куќа на ракометот ги избра најубавите 5 гола на избраниците на Кирил Лазаров на овој шампионат. Првото место му припадна на цепелинот од вчерашниот дуел со Швајцарија кој со гол го круниса Филип Талески.

Кога ќе се погледне низ призма на статистиката, Жарко Пешевски е најдобар стрелец на Македонија на ова европско првенство, искусниот пивот водеше голема борба на линијата од шест метри и на три натпревари успеа да постигне 15 погодоци со само две промашувања.

Втор на листата на стрелци е Костески со 12 гола (од 15 обиди), а трет е одличниот Марко Митев, кој постигна 11 гола со само едно промашување на целото ЕП, одличен подвиг ако се знае дека станува збор играч кој настапува на бековската позиција.

Филип Кузмановски е најдобар асистент на Македонија на овој шампионат со 17 асистенции, пред Томи Јагуриновски со десет и Марко Митев со седум.

Мартин Томовски беше херојот во големата победа над Швајцарија, тој воедно е и голман со најмногу одбрани (17) и со најдобар процент на интервенции (31%) од нашето трио. Никола Митревски, кој поради повреда воопшто не беше во комбинација за настап против Швајцарија, го заврши првенството со 12 одбрани (21% на успешност), додека Марко Кизиќ имаше две успешни интервенции во клучните момент ви второто полувреме од мечот со Швајцарија. /Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button