СПОРТФУДБАЛ

Емре Џан: Судијата не оштети, не разбирам зошто го повтори пеналот

Холандскиот судија Дани Макели е главниот виновник за елиминацијата на Борусија Дортмунд од Лигата на шампионите, смета германскиот клуб. Борусија Дортмунд загуби со 2:0 на „Стемфорд бриџ“, вториот гол беше постигнат од пенал, и тоа откако Каи Хаверц во првиот обид го погоди дирекот, а Макели, по реакција од ВАР собата, го повтори изведувањето на ударот.

Борусија Дортмунд тврди дека пеналот не требало да се повтори, туку Макели морал да досуди индирект, затоа што пред ударот на Хаверц од 11 метри, неколку играчи на Челси први втрчале во шеснаесетникот.

„Судијата е виновен за нашиот пораз, нема што да разговараме. Сите видоа што направи. Се разбира, кој искрено сака тоа да го види. Судијата многу нѐ оштети. Не разбирам зошто го повтори пеналот бидејќи кога беше изведен имаше неколку играчи на Челси во нашиот шеснаесетник. Требаше да биде досуден индирект во наша корист“, изјави Емре Џан, фудбалерот на Борусија Дортмунд.

 

 

Германскиот клуб имаше реакција и на својот официјален профил на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button