СВЕТ

ЕУ ќе ја надгледува вселената со сопствени телескопи

Европската комисија е цврсто решена да биде меѓу лидерите кога станува збор за „вселенската трка“ и опасностите кои демнат во орбитата. ЕУ нема своја армија, но на овој начин барем ќе формира вселенско извидување.

Европската унија одлучи да инсталира сопствен систем за набудување на вселената, и информирање и алармирање во случај на опасност или сомнителни настани во орбитата на Земјата, пренесува „Дојче веле“.

„Сопствено“ значи дека ЕУ, кога станува збор за опасностите во вселената, повеќе не сака да биде зависна од технологијата, арсеналот и расположението на Соединетите држави.

Затоа, според таблоидот „Билд“, Европската комисија се осврнала пред се на концернот „Аријанегруп“ и германската компанија за вселенска технологија ОХБ. Секој од нив ќе биде стожерот на работата на една од двете компоненти, односно едно од двете „очи“ за набудување на универзумот.

Тоа ќе бидат „окото на Саурон“ и „окото на Один“.

„Станува збор за систем од девет телескопи кои се наоѓаат на повеќе  континенти, поврзани во заедничка мрежа, за да може да се скенира целото небо“, изјавил Пјер Годард од германската вселенска компанија ОХБ од Бремен.

„Универзумот е“, рече тој, „критична инфраструктура“ и затоа сега е важно да се набудува орбитата на Земјата, на пример, за да се избегнат судири. Тоа е еден вид надзор на сообраќајот за да се заштитат нашите (европски) сателити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button