ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Евакуација поради ерупцијата на вуклан на Канарските острови

Шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во Ла Палма на Канарските Острови, каде што вулканска ерупција доведе до евакуација на 5.000 луѓе. Снимките од воздух покажуваат дека лава од вулканот Кумбре Виеја се истура надолу и уништува куќи.

Санчез изјави дека властите внимателно ги следат пожарите што можат да произлезат од горење лава. Воени и цивилни стражари се распоредени за да пружат помош. Вулканот последен пат еруптирал пред 50 години.Се наоѓа на југот на островот Ла Палма, каде живеат околу 80.000 луѓе.

Јонас Перез, локален туристички водич, рече дека сѐ уште може да почувствува како земјата се тресе поради ерупцијата.

„Но, најневеројатното нешто што никогаш порано не сум го доживеал е дека бучавата што доаѓа од вулканот звучи како полетување на дваесет борбени авиони и е исклучително гласна, неверојатна“, додаде тој.

Локалните власти издадоа наредба за евакуација од четири села, вклучително и Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан, а беа поставени и привремени засолништа.

Засега нема извештаи за жртви.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button