ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евентуалните изборни измени сè уште не се официјално предложени во Собранието, иако тоа требаше да се случи минатата недела

Предложените законски измени во врска со спроведувањето на препораките на ОБСЕ-ОДИХР во Изборниот законик ќе бидат одложени најмалку уште две недели. Ова го објави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој претходно најави дека измените ќе бидат доставени до Собранието уште минатата недела.

Времето не е во прилог на институциите и политичките партии, бидејќи една од препораките на ОБСЕ / ОДИХР, е дека законските измени во врска со изборите треба да се направат најмалку шест месеци пред изборите. Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, рече дека тие би биле уште позадоволни доколку промените  се донесеа порано.

итмире Шеху – пот-претседателка на ДИК -ДИК е задоволна од промените и би била уште позадоволна доколку промените се направени на време, се вели две недели, три недели, но не знаеме кога тие промени ќе се случат. И ние ќе бидеме задоволни ако промените договорени во работната група останат. Бидејќи, на крајот, во работната група секогаш се дискутира  за нешто друго, а во ДИК, пристигнуваат сосема други решенија “.

Пратеникот од Алијанса на Албанците и Алтернатива Снопче, рече дека се дискутира за нови промени, додека земјата сè уште не ги надминала старите проблеми со изборниот процес, како што е прочистувањето на изборниот список.

Иако се вели дека Избирачкиот список е прочистен, и тука имаме голем број проблеми. Во Македонија, според официјалните податоци на Заводот за статистика, има општини каде бројот на гласачи е поголем од бројот на жители. Такви општини се Дебрце, Ново Село, Маврово, Охрид, Пласница, Ресен … ”

Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми рече дека се посветени на целосна имплементација на препораките на ОБСЕ-ОДИХР, почнувајќи од локалните избори.

. Арбер Адеми- ДУИ: Овие измени исто така би биле тест за нашиот изборен модел, во смисла на тоа дали би било тоа успешно решение, и дали вреди да се спроведе на парламентарни избори. Но, ние секако сме против условеноста на какво било решение “.

Во меѓувреме, нема договор меѓу политичките партии за отворените листи на локалните избори, и за еден изборен круг за избор на градоначалници, иако и двете прашања беа на маса. Досега на овие преговори темата за промена на моделот на парламентарни избори воопшто не е отворена.

Подготви: Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button