ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Подобрена состојбата во критичните региони

Бројот на лица заразени со ковид 19 и хоспитализирани низ целата земја продолжува да паѓа. Во Тетово и Гостивар, каде што ситуацијата неодамна беше лоша, сега е постабилна. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека падот на бројките е добар сигнал.

Процесот на вакцинација продолжува. Околу третата доза од вакцината, министерот за здравство Венко Филипче рече дека компанијата „Фајзер“ го објави ставот дека пациентите со хронични заболувања кои имаат слаб имунитет, треба да се вакцинираат со трета доза. Третата доза може да се даде шест месеци по втората доза.

Од друга страна, во четврток ќе биде отворен нов пункт за вакцинација во универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ со цел студентите да имаат полесен пристап до имунизација.

На целата територија на земјава досега се вакцинирани околу 570 илјади граѓани со две дози. Според здравствените власти, има доволно вакцини. За да се постигне колективен имунитет, треба да се вакцинираат 80 отсто од населението.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button