МАКЕДОНИЈА

Филипче: Состојбата се подобрува, но нема олабавување на мерките

Првите 5850 дози вакцини од „Фајзер“ ќе ги има во февруари, во март треба да стигнат уште 17 550 и  најмалку уште толку во април. Се чека датум кога  ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата.

Ова го соопшти министерот за здарвство Венко Филипче кој рече дека ќе има разговор со австрискиот министер за здравство за тоа кога и колку вакцини би можело да ни отстапи Австрија.

Во гостување во Дневникот на ТВ Канал5, Филипче рече дека први ќе се вакцинираат здравствените работници, повозрасните лица и хроничните болни, а потоа сите граѓани и дека вакцината за сите ќе биде бесплатна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button