МАКЕДОНИЈА

Филков: Функционерите имаат законска обврска да одговараат за трошењето на буџетските средства

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во „Емисија 200“ на Алсат, вели дека секој избран или именуван функционер има законска обврска да одговара за трошењето на буџетските средства, макар тоа да е и еден денар.

Според него, злоупотребата на средствата од државниот буџет и неодговорноста предизвикува револт и очај кај граѓаните, бидејќи на крајот се работи за нивни пари.

„Тие имаат право на очај бидејќи се работи за пари на граѓаните. Сите сакаат да знаат како се трошат нашите пари. Не сме толку свесни дека сите функционери за кои гласаме, ги избираме, а тие понатаму поставуваат директори и слично, дека сите живеат и работат од наши пари, од парите на граѓаните и фирмите што ги плаќаме преку даноци и оттука потребата и обврска да дадат отчет за секој денар како го  трошат, тоа е нешто што недостасува. И знаете дека секогаш кога нема информации, се шпекулира“, вели  Филков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button