СПОРТ

Фојц триумфираше на првата трка во Кицбил

Бит Фојц триумфираше на првата трка во скијање во Кицбил, но втората трка, во истата дисциплина, беше откажана поради лошите временски услови во австрискиот скијачки центар. Организаторите на трката и челниците на Меѓународната скијачка федерација, одлучија денеска да нема трки на опасната патека, поради условите и лошите временски услови. Тие не сакаат да ги ризикуваат животите на скијачите и да им донесат повреди на учесниците, како што се случи вчера, кога двајца скијачи се здобија со сериозни повреди. Трката во Кицбил е закажана за утре, но конечната одлука ќе биде донесена во недела наутро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button