СПОРТФУДБАЛ

Форца го доби заслужениот трофеј, голема прослава во Слупчане

Првата македонска футсал лига доби нов шампион во името на Форца од Куманово. Клубот кој минатата година тргна како дебитант, веднаш ги покажа шампионските амбиции и го крена трофејот во првенството.

Иако на две кола пред крајот беше и математички обезбеден, трофејот се чекаше до последното коло и домашниот меч со Овче Поле во салата „Фаик Коница“ во Слупчане. Гостинската екипа му даде препознатлив „шпалир“ на новиот шампион, а по мечот следеше и доделувањето на пехарот, како и големото славје.

Форца во своите редови доведе квалитетни футсал имиња и многу репрезентативци, па тоа веднаш вроди со плод. Во клубот настапуваат познати имиња и сегашни и поранешни репрезентативци како: Драган Петровиќ, Таулант Исмаили, Кристијан Јовановски, Иван Крстевски, Зоран Левески, Харис Омеровиќ, Мартин Тодоровски, Берат Рамадани…

Пред Форца сега се подготовки за настап во претквалификациите за УЕФА Лигата на шампиони во футсал, натпревари кои би требало да се одиграат на крајот на август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button