СПОРТФУДБАЛ

„Гардијан“: Северна Македонија со победа над Грузија го оствари сонот за пласман на ЕП

Пласманот на македонските фудбалери на Европското првенство не остана незабележан и од светските медиуми.

Британскиот весник „Гардијан“ пишува за остварениот сон на Горан Пандев и неговите соиграчи.

– Северна Македонија се пласираше на Европското првенство следната година. Тоа е нивниот највреден резултат и прво големо натпреварување. Обезбедено е по победата на гостувањето кај Грузија во Тбилиси со 1:0.

Горан Пандев, најдобриот играч на неговата нација и водечки стрелец на сите времиња, ја го постигна победничкиот гол во 56-та минута од средбата. Триесет и седумгодишниот  фудбалер беше во солзи по последниот свиреж на судијата, бидејќи него и на неговите соиграчи им се исполнија соништата, објави  Гардијан.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button