ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши: „Изборот е меѓу Ахмети и Вучиќ од една страна и опоизцијата од друга“

Гаши: „Изборот е меѓу Ахмети и Вучиќ од една страна и опоизцијата од друга“

Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ наиде на реакции во земјава. Според Движењето Беса, Вучиќ му доаѓа на помош на Ахмети, а овој, како што велат, соработува со непријателите на Албанците само за да ја задржи својата позиција.

„Самиот факт што српскиот претседател го споменува стравот на Ахмети од премиерот на Косово, Албин Курти, знаејќи дека им дава поддршка на прогресивните албански опозициски сили со чисто западна и американска ориентација, покажува дека промените се блиску и дека ДУИ и Ахмети за единствен сојузник ги имаат Србија и Вучиќ, вртејќи им грб на другите… овој став на шефот на Србија јасно покажува зошто ДУИ заедно со Бујар, Артан и Али ја бранеа идејата за „Отворен Балкан“, велат од Движење Беса.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на својата социјална мрежа ја поистоветува поддршката за Ахмети со поддршката за Вучиќ.

„Од вечерва нашата политичка битка стана уште појасна. Прашањето на изборите на 8 мај ќе биде: „Дали сте со Вучиќ и Али Ахмети или сте со здружената албанска опозиција – Европскиот сојуз за промени и Албин Курти?“. Не може да биде почисто од тоа. Исто така полесно се одлучува“, напиша Африм Гаши, претседател на Алтернатива.
Шефот на Демократското движење, Изет Меџити, изјавата на Вучиќ ја сподели без коментар на социјалните мрежи.

Од ДУИ во обид да ги дефоксуираат реакциите, прстот го вперија кон ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција.

„ВМРО не штеди ништо од своите српско-руски врски за да им помогне на дериватите на ДУИ во опозицијата инспирирана од Мицкоски. Во овој контекст, Вучиќ, личен пријател на Мицкоски, се залага за мешање во изборите во Македонија. Али Ахмети го победил Вучиќ, поддржувач на Милошевиќ, во војната заедно со Хашим, Рамуш, Кадри, Реџеп, Адем и Хамза Јашари, Фехми и Џева Лаладровци“, изјави Арбер Адеми, ДУИ.

Изјавата на Вучиќ ја споделија многу медиуми во земјава, но и во Косово.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button