ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гевгелија бележи лесно зголемена инциденца на ковид-заразени лица изминативе две недели

На територијата на Општина Гевгелија моментно се водат 80 активни случаи на заболени лица од Ковид-19, соопштија денеска од Општата болница со проширена дејност.

Во последните седум дена, како што посочуваат, заболеле 35 лица, а во изминативе две недели тој број изнесува 65 што претставува зголемување на инциденцата од 1,5 отсто.
-Во моментот во модуларната ковид – болница во Гевгелија се хоспитализирани седум пациенти, додека десет лица секојдневно доаѓаат на дневна терапија со ниска потреба за кислородна подршка, изјави директорот на болницата, Митко Крџев.

Од почетокот на пандемијата во Гевгелија се инфицирале 2 525 граѓани од кои 2 362 оздравеле, а 83 починале од последици од болеста.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button