ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Не сакам да додавам ништо кон шпекулациите објавени во „политико“

Евроамбасадорт Дејвид Гир не сакаше да ги коментира наводите во бриселскиот портал политико во кои се наведува дека меѓу министрите во ЕУ е постигнат „бугарски компромис“.

„Постојат многу шпекулации во медиумите за многу теми. Не сметам дека е корисно да додавам нешто кон тие шпекулации. Тоа што е важно е дека треба да продолжи дискусијата. Треба да се постигне договор околу преговарачката рамка како референтна точка во преговорите за пристап кон ЕУ. Потоа ќе можеме да ја имаме меѓувладината конференција за да го започнеме самиот процес. Се надеваме дека тоа ќе се случи колку што е можно побрзо“, рече Гир.

Вчера бриселскиот портал „политико“, објави текст во кој се споменува постоење на извесен „бугарски компромис“, според кој амбасадорскиот совет постигнал согласност по кој Бугарија немало да го блокира одржувањето на Меѓувладината конференција и ќе го признае македонскиот јазик и идентитет, но Македонија ќе требало да ја признае „историската вистина“, застапувана од Бугарија, дека нашиот македонски идентитет и јазик се базираат на бугарски корени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button