ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Скринингот бара голема посветеност од институциите

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир вели дека скрининг-процесот кој започна пред шест дена ќе биде процес кој бара голема посветеност од институциите. Скринингот се спроведува согласно новата Методологија на ниво на кластер, а ќе трае најмалку 1 година.

„Ова е долг процес кој бара многу работа и вклучување на сите министерства во земјата. Значи наскоро ќе дојде време кога ќе се вклучи и Министерството за животна средина. Овој процес започна со она што ние го нарекуваме основни вредности на ЕУ, а тоа се владеење на правото, добро владеење, реформи во администрацијата и управување со јавните финансии, а потоа да се опфатат сите поглавја, односно 33 од оние кои ги вклучуваат сите сфери на животот. Најважно во однос на скринингот, е што се прави во согласност со реформите што се спроведуваат во вашата земја“, рече Гир.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button