РЕГИОН

Годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот договор

Пред 27 години е потпишан генералниот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина или познат како Дејтонскиот мировен договор. Договорот беше потпишан на 21 ноември 1995 година, во американската воздухопловна база Рајт-Патерсон во близина на градот Дејтон.

Со ова заврши војната во Босна и Херцеговина, која траеше речиси четири години.

Со овој договор, Босна и Херцеговина е составена од два ентитета – Федерацијата БиХ и Република Српска.

Договорот беше официјално потпишан во Париз на 14 декември 1995 година, а го потпишаа тогашните претседатели на БиХ, Србија и Хрватска – Алија Изетбеговиќ, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман.

Анексите на договорот беа потпишани само на англиски јазик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button