ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово; Семејството Рушити одби да се исели за да почне градењето на булеварот

Се одложија градежните работи на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово. По повеќе од еден час преговори меѓу општина Тетово и сопственикот на куќата, постигнат е договор, според сопственикот, уривањето на куќата, да се одложи за две недели. Во меѓувреме, во овој рок, сопственикот на објектот Ислам Рушити вели дека општината треба да дозволи изградба на куќа за ова семејство во дел од дворот што останал.

„Одлучено е да останеме уште две недели. Во рок од две недели треба да ја напуштиме куќата, и да ни ги дадат парите колку што е направена проценката, како и да се прави план да изградиме куќа“, вели Рушити.

Но, за разлика од Рушити, од општина Тетово велат дека нема да се дозволи изградба на куќата, а рокот за напуштање не е две туку една недела.

„Сите судски постапки во врска со експропријацијата се завршени и местото е на општина Тетово, затоа побаравме преселување на тоа семејство. Тие побараа рок од една недела за да можат да ги отстранат работите што се таму. Побаравме од нивниот адвокат да поднесе барање за уште една недела, и ние го одобривме тоа. Сите процедури се завршени. Тоа се две различни прашања, така што тие можат да продолжат со судскиот процес за прашањето за цената, но процесот на експропријација е завршен и бараме, врз основа на судската одлука, органите на прогонот да го отстранат тој објект. Затоа што реално тој имот е на име на општината“, рече Бесар Дурмиши, Општина Тетово.

Семејството Рушити, побарало зголемување на вредноста на објектот, но бидејќи тоа не било понудено, општината ги дала на суд и судскиот процес поврзан со проценката сѐ уште е во тек. Семејството побарало супер-проценка, но и дозвола од општината за градење на преостанатите 80 метри квадратни, но општината тоа не го дозволила.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button