МАКЕДОНИЈА

Голем интерес на жителите на тетовските села за вакцинација

„Поздрав… Добредојдени сте да бидете вакцинирани, вакцини има. Добро оди, дали сакате да земете? Повелете, можете веднаш да дојдете. Треба да земете, да бидете подготвени, да бидете заштитени од болести. Ако сакате повелете, бидејќи овде сме само еден час, ќе одиме во други села, Палатица, Озормиште, Требош, ако сакате, повелете…“

На овој начин, медицинската сестра Хава Синани повикува на вакцинација на жителите на селата во Желино. Со почетокот на теренската вакцинација, таа и нејзиниот тим посетија околу осум села. АЛСАТ беше во некои области каде што тимот за имунизација беше за вакцинација.

Јас ги убедувам жителите да бидат вакцинирани затоа што работам со вакцинација веќе 33 години. Одам во овие села секој месец и сите ме познаваат. Кога ќе дојдам, велат дојде нашата сестра која ни служеше цел живот. Ги вакцинирав како бебиња, сега пораснале, станале родители. Ги вакцинирам и нивните деца, нивните мајки и родители, работам во Желино веќе 33 години и затоа немам проблем“, рече Хава Синани, медицинска сестра – село Желино.

Жителите анкетирани од АЛСАТ велат дека досега не биле вакцинирани затоа што не сакале да одат до град.

Денес ја добив веста во кафуле дека донеле вакцина и тука и дојдов по своја волја со мојот пријател. Апелирам до сите да се вакцинираат тука е блиску, не треба термин. Вака подобро, отколку да се чека термин“…

“Вчера медицинската сестра ни покажа и денес решивме да се вакцинираме веднаш затоа што е за наше добро, за доброто на луѓето”…

Мислам дека тоа е најдоброто нешто што некој може да го направи. Покрај тоа што се заштитуваме, ги штитиме и другите. Јас сe пријавив, сè уште не го добив терминот. Сите членови на моето семејство се вакцинирани”, рекоа жителите.

Лекарите велат дека од денес на располагање на граѓаните во селата ќе бидат два мобилни тима.

Има интерес од граѓаните, обично има возрасни групи кои не можат да се вакцинираа низ централните пунктови. Главно тоа се граѓани на возраст од над 55-65 години. Секој ден има на располагање два мобилни тима што ќе вакцинираат во селата”, рече Бесник Мустафаи, координатор на Центарот за вакцинација во Тетово.

Мобилните тимови имаат капацитет да имунизираат до 600 граѓани во текот на денот. Кинеските вакцини Синовак и Астра Зенека се достапни за граѓаните.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button