ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Голем наплив на пациенти со Ковид-19 во Тетово, се размислува за дополнителни локални мерки

Министерството за здравство денеска соопшти дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите. Се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за заштита од Ковид за што ќе биде разговарано утре.

-На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во село Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје, се истакнува во соопштението од Министерството за здравство.

Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар ќе биде распореден во најкус рок.

-Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре, се посочува во соопштението.

Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button