СПОРТ

Ѓорческа, со победа стартуваше на турнир Аламинос

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа стартуваше во првото коло на турнир Аламинос, Ларнака Кипар. Ѓорческа беше убедливо подобра против домашна тенисерка Марија Сиопача 2-0.

Нашата тенисерка загуби само два гејма, 6-1 и 6-1. Во следното коло таа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу италијанката, Паолети и французинката Јаничијевиќ која е осма носителка на турнирот.

Овој турнир е со награден фонд од 25.000 долари, а Лина подоцна со Лола Радивојевиќ игра и во двојки 1.коло.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button