ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ѓоргиев: Кажа кои ликови ќе се чествуваат со Бугарија, ќе се менува и Антиката во учебниците

Копретседателот на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев на денешната прес конференција ја информираше јавноста за препораките од македонско – бугарската комисија коишто ќе бидат доставени до Владите, а се однесуваат на промени во учебниците по историја и за заедничко чествување на личности од историјата.

„Тоа се препораки коишто се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници односно препораки од македонската страна за бугарските учебници, за 5-тти клас основно образование, вкупно пет препораки и исто толку бугарски препораки за македонските учебници за шесто одделение. Тоа се учебници коишто го третираат Античкиот период. Објавени се и препораките за заеднички чествување на личности од Средниот век, односно Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Климент, Св., Наум и цар Самоил“, рече Ѓеоргиев.

Како што додаде тој, препораките не допирале до идентитетските прашања и биле посветени да се избегне, како што рече, митологизацијата на Античкиот период во образовниот систем на двете страни. Препораките се усвоени на меѓувладина седница во 2019 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button